Најнови детали за двојното убиство во Кисела Вода: Разбојниците го нападнале сопственикот, тој пукал

Share Button

Во скопска Кисела Вода среде бел ден насилници со пиштоли во рацете влегле во менувачницата “Македонија”, лоцирана на булеварот “Борис Трајковски”, кај Чешма, и ги побарале парите од сопственикот.

Како што дознава Телма, насилниците со пиштоли се обиделе да му се заканат на сопственикот кој бил внатре. Кога не сакал да им ги даде парите, еден од разбојниците со пиштол го удрил 58-годишниот скопјанец, кој им возвратил на напаѓачите и ги застрелал.

Разбојниците починале на лице место во менувачницата, а веднаш биле повикани и полиција и Брза помош.

Засега не е познат нивниот идентитет, се очекуваат повеќе детали.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account