Професор Драган Зајковски: Бидете мажи и земете решение за црквата чесно

Ние историчарите работиме само со историски факти и само со факти.  Непобитен историски факт е дека по 1870 година, повеќе од две третини од христијанското население на тогашна Македонија, која е под османска власт, целосно доброволно и без никаков притисок се објавува за Бугарската Егзархија. Таа е историски факт што никој не може да го негира. По Балканските војни / 1912-1913 / и Првата светска војна / 1914-1918 година /, кога Вардарска Македонија влегува во составот на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците / по 1929 година Југославија – бел.ред. /. српските власти и династијата Караѓорѓеви започнаа една жестока политика на србиззација на населението во Македонија или како што ја нарекуваат Јужна Србија. Еден од инструменитете на оваа политика е Српската православна црква. Егзархиските епископи веднаш се протеруваат од Македонија, свештениците се подложени под огромен притисок – некои од нив се мачени и убиени. Статистиката доволно јасно говори за улогата на Егзархијата во животот на Македонија. Во 1912 година имало 730 егзархиски училишта и 800 свештеници. По 1912 година сите училишта беа затворени и покрај негодувањето на местното население. Малкумина знаат за еден љубопитен факт. Во 1922 година, српската Црква ги купила од Вселенската Патријаршија за 1,5 милиони златни франци епархиите во Вардарска Македонија. Како црковен историчар го поставувам следното прашање: Според кој канон од кој Вселенски Собор пишува дека епархиите можат да се купат за пари. Така, доаѓаме до средината на 20 век, кога Вселенската Патријаршија ја крева шизмата и ја препознава Егзархијата. Вселенската Патријаршија, признавајќи ја Егзархијата, ги признава сите нејзини претходни права, вклучувајќи ги и оние во Османска Вардарска Македонија. Така, Константинополската Патријаршија ја признава егзархиската јурисдикција над словенското православно население во Вардарска Македонија. Едни од најголемите борци за создавање на Егзархијата се од Македонија. Денешната бугарска патријаршија како полноправна наследничка на Егзархијата има целото историско право и врска да ја признае нашата Македонска православна црква како Црква-Мајка, да ја признае нејзината автокефалност, чии епархии биле дел од Егзархијата. Сакам од Република Македонија да испратам еден апел до владиците на БПЦ на седницата на Светиот Синод, што ќе се одржи на 27 ноември, да земат јасно и недвосмислено решение дали ја прифаќаат или не подадената рака од страна на МПЦ. Да одговорат како мажи недвосмислено дали прифаќаат да бидат Црква-Мајка или не, дали ја признаваат нашата автокефалност или не.

––––––––––––––––

Драган Зајковски, Институт за национална историја – Скопје, средновековна. Анализата на професорот Зајковски е направена во предавањето „Вера и општеството“ на Бугарската национална телевизија, со водечкиот новинар Горан Благоев

Напишете коментар