Пукна тиквата во СДСМ, но за кратко време ја смири еден телефонски повик

Share Button

Откако неготинчанецот Ѓорѓи Спасов, македонски политичар, дипломат и универзитетски професор кој живее во Скопје, напиша статус на својот фејсбук профил:

“Власт

Пукна тиквата во СДСМ, но за кратко време ја смири еден телефонски повик
 Од средата до денес барав состанок во траење од 5 минути со градоначалникот на мојата општина Саша Богдановиќ- Српче. Му напишав во порака дека куќниот совет од заградата на ул. Васил Ѓоргов 20 во која има 123 стана од кои 120 гласаат за СДСМ ме овласти од него само да добијам информација за кровот на зградата кој прокиснува а не привилегија и помош. За жал до денес тој нема време.

Денес ми рече дека ќе биде достапен по два, два и пол часот. И чекав како мајмун пред затвотената порта на општина Центар а неговиот телефон беше недостапен.
Браво.
Жал ми што станарите од мојот влез во зградата мислат а и јас им создадов лажна надеж дека од некои избрани функционери на СДСМ може да добиеме барем точна информација и ништо повеќе.
Следните 4 години ќе треба да се помириме со тоа што сме го избрале на локално ниво.
А од 2007. до денес напишав на илјада страници колумни против режимот на Груевски.

Учествував во на 100 тв дебати, во кои ги застапував позициите на СДСМ, и имав чест да бидам дел од тимот што ја пишуваше програмата За живот во Македонија на СДСМ.”

Следеа низа реакции, а цели 24 часа немаше никаков одговор. По 24 часа од статусот следеше нов статус исто на Фејсбук профилот на Ѓорѓи:

“Извинување

За разлика од многумина кои побрзаа да помислат дека веќе “пукнала тиквата во СДСМ” , градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ ми се јави веднаш по објавувањето на мојот статус во кој го критикувам и ми се извини за настанатото недоразбирање околу закажаната средба со него.
Јас му се извинив исто така за мојата нервозна реакција на Фејсбук.
И заклучивме дека така му личи на СДСМ. На грешките да си укажуваме јавно и да ги поправаме, за СДСМ вистина да покаже дека “не сме исти” со претходната власт и дека ќе има живот за сите во Македонија.”

Тоа беше реакцијата на социјалните мрежи, дали кровот ќе се поправи на зградата или цела зима водата ќе течи во становите, а на станарите да им се вети некоја наредна зима ремонт на кровот.

уредник

Related Posts

КИРАЦОВСКИ-Вратата на Рајот и вратата на пеколот се една до една,таму се оди најнапред кај Св. Петар не во Мактел и Апла.мк!

Коментарите се исклучени на КИРАЦОВСКИ-Вратата на Рајот и вратата на пеколот се една до една,таму се оди најнапред кај Св. Петар не во Мактел и Апла.мк!

Create Account



Log In Your Account