Сакаме европски ВЕЛО ГРАД, а не за шлепери АВТОПАТ!

ВЕЛО градот не бара само ПОТТИКНУВАЧКИ мерки за вело транспорт, туку и ОГРАНИЧУВАЧКИ мерки за типовите на транспорт кои:
1. Загадуваат, 2. Прават метеж и 3. Се лоши по безбедноста на останатите учесници во сообраќајот!

Фотографија на БитолаНаТочак.

Фокус на оваа тема е камионите на градскиве улици.
1. Шлепери и други големи камиони кои транзитираат низ градов. Тие наместо да го заобиколуваат градов, тие се „поканети“ на градскиве улици со тоа што веќе извесен период не се наоѓа решение за затворената обиколница над градот поради свлечиштето. Повикуваме ова ИТНО да се реши!
2. Нерегулираниот товарен превоз во градов кој овозможува непречен ПРИСТАП 24/7/365 на камионите во градов. Бараме градов во централното градско подрачје да го ограничи пристапот на товарни возила само во одреден период во денот. Исто така бараме Општината во соработка со МВР да не толера ат утовар и растовар „на 5 минути“ на самите улици што влијае по безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и креира сообраќаен метеж.
3. Улиците се полни со паркирани автобуси, камиони, комбиња на разни компании кои го окупираат јавниот простор и коловозните ленти и креираат дополнителен застој. Фирмите треба да си обезбедат простор за паркинг на целата своја флота, а не да се распослани низ цел град. Улиците треба да се направени за да обезбедат и поттикнат најголем проток на луѓе.

Носителите на одлуки очигледно не користат точак. Инаку ќе знаеја што значи ова по БЕЗБЕДНОСТА на точакољупците. Ние сме едноставно истуркани и избркани од коловозните ленти.

Од аспект на ЗАГАДУВАЊЕТО посебно во овој период овие возила влијаат дополнително на загадувањето во градов и

Од аспект на протокот на сообраќајот, дефинитивно овие состојби се рак рана за градскиот сообраќај креирајќи дополнителен метеж.

Бараме ограничување на моторизираниот транспорт, а не ограничување на вело транспортот!

Се гледаме четврток!
Ѕрн-ѕрн!- стои во најавата на  БитолаНаТочак

настанот е закажан на Фејсбук за четврток од 18 до 19 часот -плоштад Магнолија

 

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account