Акција на МВР: Се бараат Илиевски, Дамовски и Нинџа, ќе има потерници

Share Button

Акцијата на МВР за приведување на сите вмешани во насилствата на 27 април се уште е во тек. Неофицијално, полицијата трага по неколкумина кои беа видени и на снимките, но и беа најекспонирани за време на крвавиот летврток во Собранието.

Претходно МВР потврди дека освен екс министерот за внатрешни работи и екс директор на Бирото за јавна безбендост Митко Чавков, приведени с еуште 15 лица, мешу кои пратеници и екс фунцкионери и лица од јавниот живот: Крсто Муковски, Сашо Василевски и Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Сашо Стефановски, екс директорот на МОБ Игор Дурловски и други.

За пратениците кои се приведени во денешната акција, не е потребно формално да им се одземе имунитетот, бидејќи се товарат за дело за кое е предвидена казна затвор над 5 години, велат експертите за НОВА.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против  триесет и шест лица поради  основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од ОЈО.

Неофицијално се трага по Богдан Илиевски, на социјалните мрежи познат како Бетмен велит и Александар Дамовски, двајцата дел од иницијатовата За заедничка Македонија кои одржуваа протести и повикуваа на наводна одбрана на државата, а беа видени во Собранието на крвавиот четврток. За нив ќе бита распишани и потерници.

Се трага и по Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски наречен Нинџа. Тој во октомври беше приведен заедно со негов пријател вработен во Шестата управа, и по два часа распит во полициската станица Автокоманда, беше пуштен.

Александар Василевски-Нинџа се појавува и на видео снимките од крвавиот четврток, мешу насилниците кои себе носеа фантомки и ја насочуваа толпата кон пресс салата каде што беа пратениците на мнозинството. Тој се поврзува со криминалното подземје и со поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков.Нинџа до сега неколку пати е осудуван и има издржувано казна затвор.

Тој се споменува во два случаи последниве години „Ровер“ и „Детонатор“.

Во случајот „Ровер“ во 2013 година тој беше сведок против 15 обвинети за убиство и помагање убиство на Марјан Тушевски и Kире Јанев во јули 2001 година, меѓу кои и екс министерот Љубе Бошковски.

нова тв

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account