ВМРО ДПМНЕ повика на протест во 13 часот пред Кривичен

Share Button

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение оценува дека денеска е на удар на, како што велат „антидржавната хунта на Зоран Заев“.

-Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Извршниот комитет, поранешни функционери на партијата и други јавни личности. Полицијата по наредба на Зоран Заев не го почитуваше пратеничкиот имунитет, туку единствено политичките наредби за пресметка со неистомислениците, се вели во соопштението.

Од партијата сметаат дека „денешниот упад и приведувањето на функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обид да биде замолкната опозицијата и да се скрши отпорот на партијата против сите антидржавни политики што владата ги реализира периодов“.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржаната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот.

уредник

Related Posts

Од 13:45 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола е нормализиран

Коментарите се исклучени на Од 13:45 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола е нормализиран

Владиката Петар задржан на скопскиот аеродром по барање на финансиска полиција

Коментарите се исклучени на Владиката Петар задржан на скопскиот аеродром по барање на финансиска полиција

На патниот правец Катланово – Велес пред с. Сопот, сообраќајот е во прекин поради поголем одрон

Коментарите се исклучени на На патниот правец Катланово – Велес пред с. Сопот, сообраќајот е во прекин поради поголем одрон

Create Account



Log In Your Account