Неофицијално, полицијата се подготвува за најавениот протест на кој повика ВМРО-ДПМНЕ за денеска во 13.30 часот

Share Button

Дополнителни полициски сили се распоредени од задната страна на Кривичниот суд, од каде што се спроведуваат осомничените за распит.

Неофицијално, полицијата се подготвува за најавениот протест на кој повика ВМРО-ДПМНЕ за денеска во 13.30 часот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, денешниот упад и приведувањето на нивни функционери се обид да биде замолкната опозицијата и да се скрши отпорот на партијата против, како што велат, сите антидржавни политики што владата ги реализира периодов.

– Во момент кога Владата разгледува предлог закон за ослободување на криминалците од затвор, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, Зоран Заев нарачува политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ заради наводно терористичко загрозување на уставниот поредок, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржаната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот – стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

A.Ср. Нова Македонија

Полициски сили распоредени кај Кривичен суд

 

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account