Остатоци од кашест снег и магла – АМСМ апелира, возете внимателно

Остатоци од кашест снег и магла – АМСМ апелира, возете внимателно

Share Button

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo претежно влажни коловози. На повисоките места во североисточните и источните делови од државата наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на екипите на Јавното претпријатие „Македонија пат“.

Image result for vesti

Поради појава на магла, видливоста на планинските премини Плетвар и Ѓавато е намалена до 100 метри, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Во сила е законската обврска за задолжително носење зимска опрема.

уредник

Related Posts

Црквата и православните верници утре го одбележуваат празникот Задушница

Коментарите се исклучени на Црквата и православните верници утре го одбележуваат празникот Задушница

Латас повторно не се појави на суд

Коментарите се исклучени на Латас повторно не се појави на суд

Основното Јавно Обвинителство оформи предмет за загинувањето на планинарите на Kајмакчалан

Коментарите се исклучени на Основното Јавно Обвинителство оформи предмет за загинувањето на планинарите на Kајмакчалан

Се огласи министерство за култура, демантира дека вечерва ќе се отстранува споменикот „Воин на коњ“

Коментарите се исклучени на Се огласи министерство за култура, демантира дека вечерва ќе се отстранува споменикот „Воин на коњ“

Create Account



Log In Your Account