Пред судот се зголемува присуството на полицијата.Само пратеникот Тарчуловски не е достапен на лицето на правдата

Околу стотина луѓе се собраа пред Основниот суд Скопје 1, каде внатре во моментот се врши распит на приведените за крвавите настани на 27 април во Собранието. Меѓу нив се екс шефот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, пратениците што ги отворија собраниските врати, актерот Владо Јовановски, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Илиевски.

Од адвокатите кои ги застапуваат, а кои се надвор пред судот се Сања Алексиќ, Миле Петровски, Војо Тасевски и Љупчо Шврговски. Овие адвокати пред суд веќе ги застапуваат порнешените владини функционери кои се гонат со обвиненија на Специјалното јавно обвинителство.

Во моментот пред судот се зголемува присуството на полицијата.

Во моментот само пратеникот од ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски не е достапен на лицето на правдата.

фокус

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account