Утрово уапсени и Жаклина Свефановска, пратеникот Крсто Муковски, приведени околу 15 лица

Рано утрово, по налог на јавен обвинител, уапсен е поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност во МВР Митко Чавков, дознава Република.

Чавков е уапсен по отворена истрага за насилствата од 27 април во Собранието, каде од пониските структури од МВР беше посочен дека 2 часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратениците од СДСМ и на други пратеници и новинари.

Се очекува утрово Чавков да биде донесен во Кривичниот суд пред судија за претходна постапка.

Покрај Mитко Чавков, дознава Република од свои извори, приведени се уште 15, меѓу кои уште пратеници и граѓани кои се најдоа на 27 апрол во Собранието.

Помеѓу нив, како што дознава Република се и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, Жаклина Свефановска, пратеникот Крсто Муковски, Саше Стефановски, Љубен од Охрод и многу други, за кои ќе ве индормаираме подоцна.

 

Напишете коментар