Чавков и остантите приведени лица на распит во Кривичен суд

Share Button

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и повеќе други лица изутринава се приведен по налог на Јавното обвинителство.

 

Чавков е во Кривичниот суд каде дава исказ пред судија на претходна постапка. Повеќе други лица се изведени пред судија на претходна постапка кој постапува по писмен поднесок од ОЈО во врска со настаните во Собранието од 27 април.

Митко Чавков за време на настаниете во април раководеше со оперативниот штаб на МВР. Од пониските структури од МВР тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеницитеи новинарите.

Покрај Чавков, приведени се и други лица, меѓу кои, и пратениците Крсто Муковски и Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес, поранешниот директор на ФЗОМ Саше Стефановски.

Напишете коментар