Чавков со пријава за тешки дела против државата

Share Button

Според најновите информации Митко Чавков утрово е приведен околу 5 часот во неговиот дом во Аеродром. Тој се соочува со кривична пријава за сторени тешки дела против државата за што ќе се соочи со судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје 1. Налогот за приведувањето на Митко Чавков, екс директорот на БЈБ, е издаден од страна на јавен обвинител од ЈОРМ.

Ова е прв пат по речиси 7 месеци висок полициски функционер да биде приведен во врска со настаните од Кравиот четврток од самиот врв на командната структура. Претходно постапки се водеа како во МВР каде се доделија десетина откази, триесетина суспензии и уште пеесетина истраги против полициски старешини и службеници, сите кои биле во контакт со Чавков и недејствувањето на 27 април.

Исто така против полициски структури се води истрага и во јавното обинителство, па се очекува целосно комплетирање на предметот за одговорноста во врвот на полицијата која практично дозволи поголема група на граѓани да упадне во Собранието и да не стори доволно за да спречи напади врз пратениците, новинарите и снимателите, па дури и врз самите припадници на полицијата.- пренесува Фактор.мк

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account