ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Министерство за правда, ќе блокира улици

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека денеска, во период од 15 до 17 часот ќе ги блокира крстосниците кај „Мавровка“, кај „Порта Влае“, крстосницата во Ново Лисиче меѓу булеварите „Јане Сандански“ и „Србија“, како и крстосницата кај „Рампа“ во Кисела Вода.

Пред Министерството за правда пак, во 18 часот партијата организира протест каде што ќе има говори.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на удар е „слобдномислечкиот Македонец“, со кој СДСМ се пресметувала.

„Во 21 век имаме брутален политички прогон. Македонија е единственото место во светот каде оперски пејач, режисер, актер, архитект, доктор, и други десетици патриоти треба да одговараат за измислено дело тероризам. Целата оваа хајка е обид да се замолкне опозицијата и да се скрши отпорот против сите антидржавни политики, кои власта ги реализираше во изминатиов период. Во ист момент кога се изготвува закон за ослободување на над 1.000 затвореници, сторители на тешки кривични дела, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, власта обвинува за наводен тероризам, уметници, режисери, актери, архитекти и лекари“, се вели во соопштението на најголемата опозициска партија која ги повикува сите граѓани, партиски активисти, симпатизери и поддржувачи да излезат и да дадат поддршка.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account