Кога примил решение за притвор, му кажале дека мајка му умрела – детали за приведените за настаните во Собранието

Вистинска драма се одвивала синоќа во Основниот Суд Скопје 1 кога на еден од осомничените за настаните од 27. април во македонското Собрание, му соопштиле дека ќе оди во затворот Шутка, но и дека починала неговата мајка, јавува Досие.

Осомничениот и бранителите барале од судијата на претходна постапка, Весна Димишкова, да му одреди или куќен притвор или друга мерка токму поради смртта на мајката, но судијата одбила и донела решение по што осомничениот е однесен во Шутка, а денеска не бил пуштен да оди на погребот на мајка си.

Како што пишува Досие, осомничениот за непрезенање служено дејствие крвавиот четврток, откако примил судска покана, сам дошол во Судот. Во меѓувреме во неговиот дом починала мајка му, но додека не дал исказ никој не му кажал, за да може да биде добро сконцентриран пред судијата.

Распитот и работата на судиите траела до 6 часот изутрината. Дел од бранителите останале до 4 , а некои набрзина заминале до канцелариите каде по кус одмор и мала дремка се вратиле назад. Нив не им било дозволено да се измешаат со осомничените кои биле држени под силно полициско обезбедување со посебен режим на движење и комуникација.
Биле направени списоци кој осомничен кај кој од двајцата судии Весна Димишкова и Ненад Савески ќе даваат исказ. Почнал распитот и првичните информации дека се предвидуваат решенија за притвор. Адвокатите забележале дека сите кои излегуваат од канцеларијата на Димишкова добиваат притвори , а оние кои се на распит кај судијата Савески добиваат куќен притвор.

Посебен третман во Судот имале пратениците кои се повикале на пратеничкиот имунитет.

Судијата Весна Димишкова до Собранието достави известување дека бара симнување имунитет за претениците поради определување мерка притвор. Синоќа сите беа пуштени да одат дома , а во петок во 10 часот мора повторно да се јават во судот кога продолжува одлучувањето за нив.

За потсетување, вчера беа приведени 36 лица.

Напишете коментар