Костовски: Одлуката да израмните оперски пејач со терорист од „Диво Насеље“ е срамна

Одлуките на судот за изрекување притвори за уметници, актери, режисери и луѓе кои целиот свој работен век го посветиле на одбрана на државата се целосно неосновани и се одраз на политички реваншизам, реагира Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.Членот на опозициската партија додава дека нивниот единствен грев е тоа што си ја сакаат државата и што јавно се спротивставуваа на антимакедонските политики.

„Тие ниту се, ниту некогаш ќе бидат терористи. Одлуката да се испрати во притвор оперски пејач, кој е татко на три деца и истиот да се изедначи со терористите од Диво Насеље е срамна.Одлуката да се испрати во притвор креативен режисер, лекар кој спасил безброј животи и татко на три деца, одлуките за притвор на семејни луѓе пратеници, поранешни припадници на безбедносните сили кои ја бранеле Република Македонија и млади луѓе кои немаат извршено кривично дело и со тоа да се изедначат со терористите од Диво Насеље е срамна. Ваквата политичка инквизиција ќе остане забележана на најцрните страни во историјата на државата„, се вели во реакцијата на Костовски.

ВМРО ДПМНЕ го осудува политичкиот прогон кој владејачката хунта во моментов го реализира преку своите полуги во обвинителството и судовите.

„Притворите, како и целата политичката хајка која ја спроведува СДС имаат за цел кршење на рбетот на македонскиот народ и држава. На удар е секој кој си ја сака Република Македонија и се спротивставува на антидржавната политика. На удар е компактноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која се спротивставува на штетните политики на СДС, како договорот со Бугарија, антиуставниот закон за двојазичност и најавената промена на уставното име на државата.Власта се изживува со македонските патриоти обвинувајќи ги за наводен тероризам. Влече по судови и по притвори луѓе кои целиот свој живот немаат ни на мравка згазнато, а подготвува закон за амнестија на над 1000 затвореници, сторители на тешки кривични дела“, додава Костовски.

ВМРО-ДПМНЕ  бара безусловно запирање на сите овие процеси на политички прогон. итно и безусловно запирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДСМ, како и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон

Напишете коментар