Полицијата и обвинителството да бидат транспарентни и да почитуваат процедурата, порачаа САД

Share Button

Амбасадата на САД во Македонија повика на поголема транспарентност и на следење на процедурите при расветлување на настаните во Собранието од 27 април годинава.

„Ги следиме вестите за апсењата. Ја повикуваме полицијата и обвинителството да продолжат со решавањето на случаите со апсолутна транспарентност и со почит кон правните процеси. Иако извршителите на нападите од 27 април треба да се соочат со одговорност за своите дејства, сепак сите лица имаат право на презумција на невиност“, изјавија за „Мета“ од Амбасадата на САД во Македонија, одговарајќи на новинарско прашање како ги коментираат вчерашното притворање на 36 лица, меѓу кои и пратеници, за насилствата во Собранието.

ambasada na sad

Во однос на информациите дека заменикот помошник на државниот секретар на САД за Европа и за Евроазија, Брајан Хојт Ји, ќе биде новиот амбасадор на САД во земјава, од Амбасадата велат дека сè уште не се знае кој ќе го наследи актуелниот амбасадор Џес Бејли.

„Претседателот Доналд Трамп сè уште нема никого номинирано за иден американски амбасадор во Македонија. Кога ќе има номинација, јавно ќе ја соопштиме“, изјавија од Амбасадата на САД.

уредник

Related Posts

Работниците од „Веибо“ ја ослободија директорката

Коментарите се исклучени на Работниците од „Веибо“ ја ослободија директорката

Create Account



Log In Your Account