Притворот на пратениците зависи од имунитетот; Судот може да изрече други мерки

Судот не може да изрече мерка притвор за пратеник без Собранието да му го симне имунитетот, но може да изрече други мерки за обезбедување присуство. Ваков е ставот на дел од експертската јавност, откако шесте пратеници за кои се бараше притвор за настаните од 27 април, синоќа си заминаа дома додека нивните колеги не одлучат дали ќе им го одземат имунитетот.

Уште во синоќешното гостување во емисијата „200“ на Алсат-М, универзитетската професорка Беса Арифи изјави дека опции се и одземање на пасош, јавување во суди или други полесни мерки..

„ Постојат повеќе начини како да се обезбеди присуството на лицата кои се осомничени во кривичната постапка. Уставот не ги штити пратениците ниту од апсењето, ниту од приведување но ги штити само од притворот како мерка.“ – изјави Беса Арифи- универзитетска професорка

Речиси идентичен став има и адвокатот и поранешен судија Раде Јовчевски. Но, него го прашавме и што ќе се случаи ако мнозинството пратеници на крај сепак не донесе одлука да им се одземе мандатот на нивните колеги.

„Ако не им се симне имунитетот тогаш обвинителстото ќе мора да поднесе нов предлог бидејќи имунитетот ќе ги штити пратениците од гонење освен во ситуации ако не се работи за затекнување на сторителот на лице место“ – вели Раде Јовчевски – адвокат

Токму дефиницијата на терминот „затекнат“ при вршење на кривично дело веќе е предмет на дебата во дел од стручната јавноста, бидејќи само во тој случај имунитетот на пратеникот не е важен за евентуален притвор. Дел од толкувањата се на линија дека „затекнат“ не треба да се толкува буквално- фатен на лице место. Туку дека и во случај кога подоцна ќе стане несомнено јасно дека пратеникот извршил дело, како што покажаа снимките од собраниските камери. Со вчерашните одлуки, судот сепак покажа дека му е поблиско буквалното толкување на одредбата, поради што и бараа симнување на имунитетот.

Алсат М

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account