Утре во 12 часот седница на Комисијата за мандатно – имунитетни прашања

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги доставил барањата за притвор за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања.

Комисијата за деловнички и мандантно -имунитетни прашања ќе се одржи утре во 12 часот.

Откако известувањето ќе пристигне до Комисијата, таа е должна да го разгледа и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието. Врз основа на извештајот на Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена од добивањето на барањето за притвор на пратеникот одлучува по барањето.

За одземање на имунитетот на пратеникот потребно е просто мнозинство. По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник.

 

Напишете коментар