Чавков, Дурловски, Илиевски добија притвор од 30 дена, шест лица добија куќен притвор

Основниот суд Скопје 1 денеска преку соопштение информираше дека за насилствата во Собранието на 27 април годинава, по барање на ОЈО за организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на 13 лица им определил притвор во траење од 30 дена, додека на шест лица им е определен куќен притвор.

Krivicen-sud-860x680

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена на Митко Чавков, Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Оливер Радулов и на уште девет други лица.

Куќен притвор им е определен на Борис Дамовски, Владо Јовановски и на уште четири други лица.

Јавното обвинителство за организиран криминал против овие лица води постапка поради основано сомневање за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, од член 313 од Кривичниот законик.

Против овие решенија, обвинетите имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

Од Кривичен суд велат дека за пратениците кои се опфатени во истрагата, судија на претходна постапка ќе одлучи по предлогот на обвинителството откако претседателот на Собранието ќе одлучи по барањето на судот.

„За другите лица што се опфатени во предлогот, а не беа спроведени пред судијата на претходна постапка, судот сè уште нема добиено известување за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведување“, велат од Судот.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account