Груевски прв пристигнува а последен си заминува од протестите

Груевски прв пристигнува а последен си заминува од протестите

Share Button

Овојпат рамо до рамо со граѓаните, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски е редовно на протестите кои ги најави партијата. Блокада на крстосници секој ден од 15 – 17 часот а во 18 протест се мерките кои опозицијата ги најави и ги реализира за да искаже револт за уапсените за кои и Груевски во име на партијата побара итно да бидат ослободени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и вечерва присуствуваше на протестот пред Кривичниот суд Скопје, против приведувањата пратеници и други лица за учество во настаните во Собранието од 27 април годинава.

Тој заедно со граѓаните ги слушна пораките кои ги упатија говорниците на протестот пред Судот.

Системот е злоупотребен, обвинувањата лажни, а апсењата политички. Ова го порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните и членството вечерва на едночасовниот простест пред кривичниот суд во Скопје.

Додека траеше протестот цело време се пушташе музика, а насобраниот народ ја блокираше улицата.

„Децата и внуците на црвената буржоазија се ситат и се радуваат на апсењето на нашите патриоти.“ – изјави Александар Нацев.

„Добровечер, Македончишта. Се собравме на дожд, од кој ќе порасне слободарскиот дух и отпорот на Македонија.“ – изјави Оливер Андонов.

 

Груевски присуствуваше и на вчерашниот протест пред Министерството за правда.И за утре има најави за блокади и протест во Скопје.

 

С.Анеска

уредник

Related Posts

ФОТО: Со багери се урива еднојазичноста во Македонија

Коментарите се исклучени на ФОТО: Со багери се урива еднојазичноста во Македонија

Од 13:45 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола е нормализиран

Коментарите се исклучени на Од 13:45 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп-Битола е нормализиран

Утре Основачко собрание на политичката партија Граѓанско Демократска Унија (ГДУ)

Коментарите се исклучени на Утре Основачко собрание на политичката партија Граѓанско Демократска Унија (ГДУ)

Create Account



Log In Your Account