Малата Валерија е УСПЕШНО оперирана, таткото пресреќен порача: Бог да ве благослови сите!

Share Button

Малата Валерија моментално закрепнува од операцијата во Турција. Радосната вест за успешната операција на туморот на мозокот ја сподели нејзиниот татко, Зафир Зафировски.

„Народе, да сте живи и здрави. Бог ги слушна вашите и наши молитви. Слава Боже Валерија е ОК, будна без никакви компликации. Бог да ве благослови сите. Бог е голем, да сте живи и здрави што бевте со нас во најтешкото. Бог да му даде здравје и среќа на проф. д-р Мемет Озек“ – се вели во неговата порака на Facebook.

Пред само 9 часа, Зафировски сподели и фотографии од Валерија и нејзината мајка пред слаткото девојче да замине во операциска сала.

 

ВалеријаВалерија

Сторијата за 7-годишната Валерија ја трогна македонската јавност и благодарение на илјадници хумани лица беа собрани неопходните 40.000 евра за операција. Семејството се вклучи во повеќе хуманитарни акции и сите дополнителни средства ги донираше за помош на други дечиња.Валерија

Za Borce,Dimitar ,Marija, Hana, Bile

Фотографија на Marina Zafirovska.
Фотографија на Marina Zafirovska.
Фотографија на Marina Zafirovska.
Фотографија на Marina Zafirovska.
Фотографија на Marina Zafirovska.

Напишете коментар