Специјалци и во домовите на Вељановски и Мемеди – Претрес, им ги одзеле мобилните

Адресите на 36 осомничени, чие приведување беше побарано од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во врска со настаните од 27-ми април, не биле единствените локации каде упаднала полицијата, пишува Дојче Веле.

Полицијата влегла и во домовите на поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, и пратеникот Весел Mемеди од Национална демократска преродба.

 

Иако не се соопштуваат детали, и на Вељаноски и на Мемеди им биле одземени мобилните телефони, кои би можеле да помогнат во расветлувањето на одредени активности на 27-ми април.

Денеска на повик на телефонскиот број на пратеникот Весел Мемеди се вклучува услугата за примање гласовни пораки, а кај Вељаноски јавува дека „корисникот го исклучил мобилниот телефон“, пишува Дојче веле.

На 27. април Вељаноски беше претседавач со Конститутивната седница на Собранието, која со денови беше блокирана со реплики, контрареплики и процедурални забелешки.

Тој реагираше на приведувањата, и преку писмено соопштение се осврна на двајца административни службеници вработени во Собранието.

Во писмено обраќање до јавноста тој рече дека овие две лица не направиле никаков криминал за време на насилствата.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account