Црква „Св. Никола“ – Манастир во областа  Мариово

Црква „Св. Никола“ – Манастир во областа   Мариово

Црква „Св. Никола“ – Манастир во областа  Мариово

Share Button

Црква „Св. Никола“ – Манастир — средновековна македонска православна христијанска црква, сместена во истоимениот манастир, во селото Манастир, во областа Мариово. Се одликува со исклучителна архитектонска градба и прекрасен богат фрескоживопис, една од ретките во Македонија.

Во црквата се насликани значајни претстави на житието од Св. Никола, големите празници посветени на Исус и на Богородица, на пророците и на други светители. Црквата е живописана во 1271 година и е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период, кој содржи извонредни фрески, какви што се „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“. Овој тип на сликарство е застапен само во црквата во Курбиново и во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид.

Посебна карактеристика на манастирската црква е што таа претставува трикорабна базилика која е посветена на три светии: централниот кораб е посветен на Света Богородица, северниот на Свети Архангел Михаил, а јужниот на Свети Никола

Според архитектонскиот тип на манастирската црква се забележуваат две фази на градба. Црква започнала со градба во 1095 година, а нејзината сегашна градба потекнува од 1266 година кога ја обновил игуменот Акакиј кој пред замонашувањето се викал Јоаникиј.

 

Самиот нејзин фрескоживопис бил изведен пет години подоцна. Постарата црква, од која се забележуваат делови во внатрешноста, е била подигната во 1095 година, а поновата односно сегашната градба била изградена во 1266 година, додека живописана била во 1271 година.. Темелите на постарата црква се верува дека биле поставени од страна на протостаторот Алексеј, роднина на византискиот император Алексеј I Комнин. Ова се потврдува според натписот во централниот кораб е наведено дека црквата е подигната во 1095 година од страна на протостраторот Алексиј кој бил роднина – стрико, вујко или тетин на византискиот император Алексиј Комнин. Од подоцнежни истражувања се знае дека црквата била возобновена во 1271 година, од кога датира и целиот живопис со натписите. За изградбата во 1095 година е запишано во натпис на јужниот и северниот ѕид на централниот кораб .

Според еден натпис на грчки јазик од 1560 година, живописот во црквата потекнува од 1271 година. Понатамошната историја на манастирот може да се следи само по некои делумно сочувани фрески на фасадата со еден натпис и три словенски записи испшани со остар предмет на фреските. Живописот на јужната и западната фасада се од XVI век односно од 1506 година, а записите на словенски со остар предмет потекнуваат од 1592 година Ова укажува дека во манастирот подолго време имало калуѓери кои го познавале словенското писмо, односно биле Македонци или Словени. Ваквите факти пак укажуваат дека манастирот постоел и во него имало монашки живот и во отоманско време и тоа не само од XVI век па натаму, туку и пред XVI век, бидејќи според народното предание турците кон Мариовопокажувале особено внимание Други документи за подоцнежниот период со исклучок на XIX век, не се сочувани. Иконите кои што се наоѓаат денес во црквата се од 19 век, што укажува на обемноста на реставраторските зафати од ова време

Архитектонскиот тип на манастирската црква претставува трикорабна базилика,налик на катедрална црква, каква што е Света Софија во Охрид. Според стилот таа припаѓа на раниот средновековен византиски вид, од кој вклучително со оваа црква има само 4 на подрачјето на Македонија. Јасен доказ за староста на црквата се пронајдените фрески во внатрешноста кои датираат и од XIII век, како и застапеноста на натписи на глаголица и самиот архитектонски изглед на манастирската црква. Живописот потекнува од 1271 година е дело на зографот Јован кој што работел и во манастирот Св. Архангел Михаил во Варош. Тој содржи и ретки фрески на кои се претставени личности од стариот и новиот завет, меѓу кои и испосникот пустиник старец Онуфриј. Пред влезот, како и внатре во црквата, има мермерни сполии од римското време, а на просторот околу неа има и средновековна некропола.1 Во текот на конзерваторските работи на црквата се преземении археолошки ископувања во северниот дел на манастирскиот двор каде што се откриени 12 гроба со конструкции од камени плочи или делумно оградени со камен.

Во 2013 година започнале археолошки истажување околу јужниот, западниот и северниот дел на црквата, со што се очекувало да се заокружат сознанијата на научниците за објектот. При овие активности била извршена и конструктивна консолидација на темелите на црквата, при што биле откриени и темели на еднокорабна црква од XI век. Претходните истражувања биле спроведувани во текот на минатиот век во 1990-тите години.

Фрескоживописот во внатрешноста на црквата датира од XIII век и е во релативно добра состојба. Во првата зона се претставени светители во цел раст, меѓу кои се издвојуваат: Св. Димитрија, Св. Ѓорѓи, Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат. Во втората зона се насликани допојасни фигури на светители, а во третатасцени од животот на Исус Христос. Во јужниот кораб се илустрирани сцени од животот на Свети Никола, а во северниот ктиторската композиција на која е претставен јеромонахот Акакиј, кој в раце го држи моделот на црквата Анализата на фрескоживописот во црквата покажува дека работеле повеќе зографи. Меѓу нив се истакнува името на рефендарот ѓакон Јован, за кого се смета дека е една иста личност со зографот рефендар ѓакон Јован, творецот на иконата посветена на Свети Ѓорѓи од истоимената црква во Струга која датира од 1266/67 година

Во текот на 2015 година започнала да се изведува конзервација и реставрација на фрескоживописот во црквата во рамките на првата фаза од проектот за конзервација на црквата, предвиден со проектната програма на Прилепскиот завод и музеј, финансиран од Министерството за култура. Во оваа прва фаза биле вклучени петмина конзерватори од Прилепскиот и Битолскиот завод и музеј, како и членови на Националниот конзерваторски центар, при што се вршеле и механички санирања на површините на фрескоживописот.

Во рамките на истиот проект се планираат и изведба на две други фази: чистење на солите и чистење на исчаденоста. Како завршна фаза се планира ретуш, што ќе се остварува во следните две години, со што фрескоживописот ќе го добие автентичниот изглед

уредник

Related Posts

Фотогалерија црква Свети Димитрија – Теарце. Фотографиите ни ги испрати читателот Никола Мисајловски

Коментарите се исклучени на Фотогалерија црква Свети Димитрија – Теарце. Фотографиите ни ги испрати читателот Никола Мисајловски

РЕКА НАРОД КОН КРКАРДАШ, ХРАМОВА СЛАВА НАД БИТОЛА”СВ.40 МАЧЕНИЦИ”ЗА МНОГУ ГОДИНИ!!!

Коментарите се исклучени на РЕКА НАРОД КОН КРКАРДАШ, ХРАМОВА СЛАВА НАД БИТОЛА”СВ.40 МАЧЕНИЦИ”ЗА МНОГУ ГОДИНИ!!!

Воскресението Христово 2016 година во битолската црква на Пресвета Богородица

Коментарите се исклучени на Воскресението Христово 2016 година во битолската црква на Пресвета Богородица

Чудотворната икона на Мајката Божја, “ЦВЕТ КОЈ НЕ ОВЕНУВА”

Коментарите се исклучени на Чудотворната икона на Мајката Божја, “ЦВЕТ КОЈ НЕ ОВЕНУВА”

Create Account



Log In Your Account