Чавков бил фотографиран во Кривичен но и во Шутка, ЈО отвори случаи за фотографиите

Реакции за објавените фотографии од Чавков, едната со лисици на рацете во судницата и другата во Шутка.

Чавков бил фотографиран за време на   распитот пред судија на претходна постапка во кривичниот суд, а денеска беше објавена фотографија од екс министерот на полицијата во истражниот затвор Скопје додека е на издржување на мерката притвор што пред два дена му ја одреди судија на претходна постапка од скопска единица.

Кривичен уште истиот ден по барање на Алфа информираше дека фотографијата не е од камерите во судницата, а чинот го нарекоа несовесен. По барање на Алфа, денеска се огласило и јавното обвинителство, од каде информирале дека е отворен случај и за фотографијата во судница и за денешната од Шутка. Доколку се утврди дека сликарот во судница е службено лице, обвинителство ќе го гони по службена должност, а во спротивно Чавков да си тужи сам, одговориле за Алфа од Обвинителство.

С.Анеска

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account