Никола Груевски најави оставка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за КУРИР најавува дека ќе поднесе оставка пред органите на партијата.

Никола Груевски најави оставка

„За анализата веројатно ќе треба уште недела до две, а оставката може и не мора да е поврзана со нејзиното завршување, бидејќи не е поврзана со нејзиниот исход“ рече Груевски.

Тој порачува дека еден ден СДСМ ќе се кае за ова што го прави, а народот ќе си ја врати државата.

„Независно каков ќе е исходот од анализата на изборите, дури и ако е таков дека објективно мојата вина е мала или најмала или дури ако се утврди дека немам објективна вина за поразот, јас ќе поднесам пред органите на партијата оставка. Партијата, согласно статутот ќе оргазнизира вонреден конгрес, на кој освен извештајот за анализта на изборите, ќе се избере и претседател на ВМРО-ДПМНЕ“ вели во интервјуто Груевски.

Реформаторите веќе подолго време бараат оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како и реформирање на партијата. Истото барање, вчера го повторија и ветераните на ВМРО-ДПМНЕ.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account