Помали излевања на Вардар во централното градско подрачје на Скопје

Share Button

Поради обемните врнежи од дожд, долж горниот тек на реката Вардар дојде до помали излевања на реката Вардар во централното градско подрачје и тоа на потегот – Влада на Република Македонија до Камен Мост и каскадите на реката Вардар под Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ( општина Аеродром ). Овие излевања  не предизвикаа опасност од загрозување на животот на населението и мартеријалните добра со кои располагаат.

Во општина Аеродром исто така во реонот на село Долно Лисиче кај мостот на реката Вардар, заглавено е дрво кое предизвикува заезерување на реката и постои можност истата да се излее вон своето корито. Загрозен е и насипот на реката Вардар 500 метри низводно од железничкиот мост кај село Долно Лисиче и постои можност од излевање на реката и поплавување на реонот на село Трубарево.

Во општина Сарај кај клучката Матка во близина на бензинска станица Бис Оил дојде до поплавување на подвозникот. Поплавувањето e настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и Канализација.  Заглавени биле 4 моторни возила. Луѓето од истите биле извлечени од страна на БППЗ.

Во 11.30 часот одржан е состанок на главниот штаб за Заштита и Спасување на град Скопје при што на сите надлежни институции се дадени задачи и тоа:

– ЈП Водовод и канализација да постави вреќи со песок  на кејот на реката Вардар на потегот од Влада до мостот Гоце Делчев. Во овој реон ЈП Улици и Патишта во соработка со ЈП Паркови и Зеленило ќе обезбеди булдожер кој по потреба ќе го  расчистува насипот за изградба на панорамско тркало. ЈП Комунална Хигиена ќе поставува вреќи кај каскадите во близина на ПИОМ во општина Аеродром, додека ЈП Улици и Патишта ќе работи на санирање на насипот на десниот брег на реката Вардар 500 метри низводно од железничкиот мост во село Долно Лисиче.

РЦУК на град Скопје стапи во контакт со дежурните служби на браните Козјак и Матка и на наше барање намален  е испустот на вода од браната Козјак. Во моментот се испушта само биолошкиот минимум.

Од страна на СВР Скопје по потреба ќе се регулира сообраќајот на одделни критични места.

Заради најавите на поинтензивни врнежи од дожд сите јавни претпријатија во надлежност на Град Скопје ќе воведат дежурство  и ќе интервенираат по потреба согласно оперативниот план на град Скопје.

ЦУК ја следи состојбата и навремено ќе ги известува надлежните субјекти и јавността.

уредник

Related Posts

Непознат сторител ги демолирал автомобилите на Шилегов и неговата сопруга

Коментарите се исклучени на Непознат сторител ги демолирал автомобилите на Шилегов и неговата сопруга

Кржаловски: ВМРО-ДПМНЕ се доближи по рејтингот до СДСМ поради Договорот со Грција

Коментарите се исклучени на Кржаловски: ВМРО-ДПМНЕ се доближи по рејтингот до СДСМ поради Договорот со Грција

ГРУЕВСКИ: ДОБРО СУМ, НО ‘ФАКТУРАТА’ ЗА ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ПОДОЦНА

Коментарите се исклучени на ГРУЕВСКИ: ДОБРО СУМ, НО ‘ФАКТУРАТА’ ЗА ЗДРАВЈЕТО ДОАЃА ПОДОЦНА

Create Account



Log In Your Account