Собранието одобри притвор за шест пратеници

Share Button

По куса дебата и без присуство на пратеничките групи на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Собранието попладнево им го одзема имунитетот на шест пратеници осомничени од страна на ЈО за упадот во парламентот

Шестмина пратеници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ останаа без пратенички имунитет и се соочуваат со притвор, откако мнозинството во Собранието попладнево ја изгласа таквата одлука. Пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љупчо Димовски и Сашо Василевски сега се соочуваат со притвор откако беа осомничени од страна на Јавното обвинителство во истрагата за крвавиот упад во Собранието на 27 април годинава.

На снимките кои беа објавени во јавноста по упадот во Собранието можеше да се види дека овие пратеници ги отвораат вратите од Собранието на 27 април. Подоцна тие тврдеа дека не го сториле тоа и дека немаат никаква вина за насилството кое се случи во законодавниот дом, во кое беа повредени повеќе од 100 луѓе.

Тие се соочуваат со казна затвор од најмалку десет години, доколку бидат прогласени за виновни за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ согласно членот 313 од Кривичниот законик.

Вчера, и собраниската комисија за мандатно-имунитетни прашања гласаше за одземање на имунитетот на пратениците.
Кусо обраќање на собраниската седница имаа само пратениците Томислав Тунтев од СДСМ и Артан Груби од ДУИ.

„Тој ден мора да биде расчистен за да можеме оваа темна дамка да ја избришеме. Тоа му го должиме на владеењето на правото, но и на Собранието… Нашата должност е Собранието да застане зад враќањето на правната држава”, рече Тунтев, дополнувајќи дека доколку шесте пратеници се убедени во својата невиност, нема од што да се плашат.

Во рамките на истрагата на ЈО за упадот во Собранието, досега се приведени 30 лица, а по шест осомничени се уште се трага. Доцна синоќа, уште тројца од приведените на кои Судот им одреди мерка домашен притвор, беа префрлени во затворски притвор.

уредник

Related Posts

Телма да ја повлече одлуката за цензурирање на емисијата „КОД“побара ЗНМ

Коментарите се исклучени на Телма да ја повлече одлуката за цензурирање на емисијата „КОД“побара ЗНМ

Протест пред Владата за малиот Алмир

Коментарите се исклучени на Протест пред Владата за малиот Алмир

Писмо:Зарем е ова “животот” за сите кој сдс го ветуваше предизборно?

Коментарите се исклучени на Писмо:Зарем е ова “животот” за сите кој сдс го ветуваше предизборно?

Реакција на МТСП во врска со 13 годишното девојче штитеничка на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје

Коментарите се исклучени на Реакција на МТСП во врска со 13 годишното девојче штитеничка на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје

Create Account



Log In Your Account