Состојба по обилните врнежи од дожд во Тетовско-гостиварскиот регион

Состојба по обилните врнежи од дожд во Тетовско-гостиварскиот регион

Share Button

Како последица од обилните врнежи во северозападниот регион што го опфаќа Тетовско и Гостиварско примени се повеќе повици за поплавени подруми, помали свлечишта од земја и камења како и покачено ниво на водотеците на реките во северозападниот регион.

Во текот на ноќта се примени повеќе повици за поплавени подруми, за што беа известени ЈКП Тетово и ЈКП Гостивар, ЕЛС, ДЗС Тетово и ДЗС Гостивар, Во моментов екипите се излезени на терен и интервенираат на посочените места како и кај подвозникот за село Фалише од општина Тетово кој е исто така поплавен и не може да се поминува со возила.
Нивото на река Вардар во село Раотинце е на највисоко ниво и постои можност од излевање на реката Вардар во тој дел.

На патот за месноста Бањиче во Тетово има одрони на патот, додека одрони имало и на патот за селата Шипковица, Бродец и Селце. Од општина Тетово ангажирале багер на посочените села за расчистување на наносите на патиштата.

Во Гостиварскиот регион нивото на водотеците е значително зголемено, така да во општина Маврово – Ростуше нивото на Жировничка река е зголемено. Исто така е покачено и нивото на реките Маздрача и Радика, од каде што е добиено и известување дека мостот на патот за село Јанче е загрозен од зголеменото ниво на реката.
Состојбата се следи и Регионалните центри се во постојана комуникација со надлежните субјекти.

уредник

Related Posts

Реакција на МТСП во врска со 13 годишното девојче штитеничка на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје

Коментарите се исклучени на Реакција на МТСП во врска со 13 годишното девојче штитеничка на ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје

Create Account



Log In Your Account