Состојба со водотеците по последните врнежи од дожд до 15:00 часот

Состојба со водотеците по последните врнежи од дожд до 15:00 часот

Share Button

Од УХМР известуваат дека изминативе 24 часа на територијата на Република Македонија паднаа нови врнежи од дожд, на одредени повисоки места каде има снежна покривка има појава на топење на снегот. Врнежите и топењето на снегот предизвикува брз истек на водите во водотеците и суводолиците.

Image result for dozd

Овие водни количини ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, а особено покачување се бележи на водотеците од западниот и северниот дел на земјата. Според податоците од терен најголеми промени на водостојот бележиме на реките Радика, Сатеска, Вардар, Треска, Лепенец. Во центарот на Скопје поради градежните актовности во минор коритото има вештачки застој на течењето, па поради тоа има појава на излевање во делот од шеталиштето возводно од градбите.

Од ЕЛЕМ информираат дека акумулациите имаат доволно капацитет да ги примат водите од последните обилни врнежи.
Според најавата на синоптичарите и понатака не очекуваат обилни врнежи од дожд, па соодветно на тоа ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци во државата. Најголеми покачувања очекуваме во западните, југозападните, северозападните делови од Република Македонија. На одредени критични места можна е појава на локални излевања кај помалите реки, но и кај реките Треска, Кичевска, Радика, Сатеска, Лепенец, горен тек на Вардар. (Јегуновце, Рашче, Скопје-Центар во делот од шеталиштето возводно од градбите).

Се предупредува на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

уредник

Related Posts

Млади за Македонија со апел: Ако видите на протестот лица со фантомки да знаете тие се дојдени за да направат инцидент

Коментарите се исклучени на Млади за Македонија со апел: Ако видите на протестот лица со фантомки да знаете тие се дојдени за да направат инцидент

Заев: Ќе ги заштитиме децата и најблиските на пратениците од протестите пред нивните домови. МВР ќе превзема мерки

Коментарите се исклучени на Заев: Ќе ги заштитиме децата и најблиските на пратениците од протестите пред нивните домови. МВР ќе превзема мерки

Create Account



Log In Your Account