Состојба со водотеците по последните врнежи од дожд

Од УХМР известуваат дека изминативе 24 часа на територијата на Република Македонија паднаа нови врнежи од дожд. Овие нови количини ги зголемија водостоите на сите водотеци во земјата, особено покачување се бележи на водотеците од западниот дел на земјата. Според податоците од терен најголеми промени на водостојот се бележат на р.Радика-Бошков Мост, р.Сатеска – Ботун, р.Вардар – Јегуновце.

Според најавата на УХМР не очекуваат и понатака обилни врнежи од дожд, па соодветно на тоа на територијата на Република Македонија ќе продолжи покачувањето на водостоите на сите водотеци. Најголеми покачувања очекуваме во западните и југозападните делови од државата, северните, а во текот на наредните 24 часа и на останатиот дел од државата.

Поради високите водостои на одредени критични места можна е појава на излевање на реките р.Радика, р.Црн Дрим, р.Сатеска, р.Вардар – горен тек, како и нивните притоки. Поради тоа предупредуваме на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Напишете коментар