Расчистен одронот на патот Маврово-Стража

Share Button

На магистралниот пат A2 крак Маврово – Стража одронот е исчистен и сообраќајот е нормализиран, информираат од АМСМ.

Според информација од ЈП „Македонијапат“ на патниот правец Маврово – Галичник, 100 метри пред Царева Чешма сообраќајот се одвива отежнато поради излевање на вода на коловозот. На самото место е поставена соодветна сигнализација. Се препорачува овој патен правец да не се користи до негово санирање и нормализирање на сообраќајот.

Според информација од РУЦК во општина Сарај, кај клучката Матка во близина на бензинската станица Бис Оил, има поплавување на подвозникот во висина од еден метар. Поплавувањето е настанато заради дождот и дефект на водоводна мрежа на ЈП Водовод и Канализација. Заглавени биле 4 моторни возила, а луѓето од истите биле извлечени од страна на БППЗ. Екипи има сеуште на терен.

Локалниот пат с.Железнец – с.Мало Илино во Демир Хисар не е прооден поради обилни дождови.

Резултат со слика за odron

На патниот правец А3 Делчево – Македонска Каменица поради обилни врнежи од дожд и чести одрони, сообраќајот се одвива по направена девијација (15-20 метри). На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка.

Поради појава на магла, намалена видливост од 50 до 100 метри има на Плетвар и од 20 до 30 метри на патниот правец Крива Паланка-граничен премин Деве Баир.

 

Напишете коментар