НАЈНОВО :

Запленети над 38 килограми дрога, Основен суд – Битола, на двајцата пријавени им определи мерка притвор

Запленети над 38 килограми дрога, Основен суд – Битола, на двајцата пријавени им определи мерка притвор

Запленети над 38 килограми дрога, Основен суд – Битола, на двајцата пријавени им определи мерка притвор

Share Button

Секторот за Внатрешни работи Битола вчера (03.12.) до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Р.А.(45) и Б.Г.(33), и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија.

Имено, двајцата пријавени заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено  набавиле опојна дрога марихуана,  ја  спакувале во вкупно 38 најлонски паковки, ја ставиле во две патнички торби и  од  Албанија се упатиле преку  Македонија да извршат транспорт на марихуаната во Грција.

Во ноќта меѓу сабота и недела околу 01,30 часот од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Меџитлија“, тие биле забележани во близина на напуштената караула Лажец и на дадена наредба да застанат тројцата се дале во бегство. По кусо време Р.А. и Б.Г. се фатени во непосредна близина на граничната линија со двете торби со марихуана, додека третото лице се упатило во непознат правец. Од извршената анализа утврдено е дека во торбите има 38 најлонски паковки со марихуана со вкупна нето маса од 38,1 килограми.

Во торбите имало и 201 грам хашиш и околу 350 милилитри хашишова смола. Од страна на Судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење до по 30 дена.

 

 

уредник

Related Posts

Полицијата гони неколку лица за случајот со малолетничката од „25 Мај“

Коментарите се исклучени на Полицијата гони неколку лица за случајот со малолетничката од „25 Мај“

СВР Охрид поднесе кривични пријави против лице од гостиварско и против битолчанец за тешки кражби

Коментарите се исклучени на СВР Охрид поднесе кривични пријави против лице од гостиварско и против битолчанец за тешки кражби

Прилеп: Интернет пријателство завршило со тупаници на првата средба оти девојката не сакала секс !

Коментарите се исклучени на Прилеп: Интернет пријателство завршило со тупаници на првата средба оти девојката не сакала секс !

Create Account



Log In Your Account