Мукоски: Судот нема основа за притвор, но ќе ја чекам пресудата

Мукоски: Судот нема основа за притвор, но ќе ја чекам пресудата

Мукоски: Судот нема основа за притвор, но ќе ја чекам пресудата

Пратениците Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска и Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ, пристигнаа во Основниот суд Скопје 1 на распит кај судија на претходна постапка.

Пред да влезе во судот Мукоски рече дека Судот нема основа да одреди мерка ритвор но дека ќе ја чека одлуката. Тој рече дека секогаш е достапен за Судот и дек аверува во правда.

Шестмината пратеници осомничени за учество во насилствата во Собранието на 27 април денеска се очекува да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд.

Освен за Јохан Тарчуловски, станува збор за пратениците, Сашо Василевски, Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски. И тие треба се појават во Судот откако во петокот Собранието на Република Македонија им го симна имунитетот. Известувањето до Кривичниот суд од Собранието пристигна вчера по што тоа беше доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадоа услови да се постапува по предлогот на обвинителството.

Шестемина пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија. 

Михајло Видимлиски

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account