Приведени тројца разбојници од Куманово

Приведени тројца разбојници од Куманово

Приведени тројца разбојници од Куманово

Секторот за внатрешни работи Куманово до Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против лицата Љ.П. (24), М.А.(18) и Д.Е (18), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело  „разбојништво”  по член 237 став 4 вв став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

На 03.12.2017 година во 18.30 часот во маркет „Елида” на ул. „Страшко Симонов“ во Куманово, Љ.П. со закана со пиштол извршил разбојништво над вработената, при што го одзел дневниот промет од 19.500 денари. Другите две лица, М.А. и Д.Е. со патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки го чекале Љ.П. пред маркетот. Откако го извршил разбојништвото, сите заедно побегнале од местото. Настанот во Полициската станица Куманово, го пријавила С.Н. (38) од Куманово – одговорно лице во маркетот.

По овластување од Јавен обвинител, бил извршен увид и била започната потрага по сторителот и неговите помагачи. По преземените мерки, истиот ден во просториите на СВР Куманово биле приведени Љ.П., М.А. и Д.Е..

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им e одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account