Притвор за седум лица од групата што произведувала дрога во Тетовско

Притвор за седум лица од групата што произведувала дрога во Тетовско

Share Button

Триесетдневен притвор добија седум лица од меѓународната организирана криминална група што неовластено произведувала и продавала синтетички дроги во Тетовско, а која беше откриена пред неколку дена од страна на МВР.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против двајца државјани на Република Србија и петмина македонски државјани осомничени дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

На сите седум осомничени лица, соопшти Јавното обвинителство, по предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на судија на претходна постапка им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 30 ноември и 1 декември Министерството за внатрешни работи, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, врз основа на наредби издадени од судија на претходна постапка, изврши претрес на повеќе објекти и локации на подрачјето на Тетово и Скопје.

При претресот на локацијата во Тетово е откриена инсталирана нелегална, лабораторија – погон за одвивање на техничко-технолошки процес за неовластена преработка на различни материи и супстанции за неовластено производство на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и големи колични на различни материи и супстанции. На локација во скопско Батинци е откриена опрема и големи количини на материи, за кои основано се сомнева дека се со истата намена, како пронајдените во Тетово.

Од првично извршените вештачења на помал дел од пронајдените супстанции е утврдено дека групата произвела во форма на таблетки вкупно 204.696 парчиња со вкупна маса од 35,044 килограми. Таблетите содржат активна компонента на психотропна супстанца – амфетамин, која е стимуланс на централниот нервен систем класифициран во Листа II на забранети опојни дроги и психотропни супстанции. Во тек се вештачења над преостанатите пронајдени материи и супстанции.

Од ЈОРМ наведуваат дека продолжува и меѓународната правна соработка меѓу Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со Јавното обвинителство за организиран криминал во Република Србија за целосно расветлување на случајот.

 

 

уредник

Related Posts

Кривична пријава против ексдиректорот на Агенција за вработување

Коментарите се исклучени на Кривична пријава против ексдиректорот на Агенција за вработување

Таксист во Битола допирал малолетно девојче по градите додека се возело во такси возилото

Коментарите се исклучени на Таксист во Битола допирал малолетно девојче по градите додека се возело во такси возилото

Лажно се претставувал дека е инспектор а бил пензионер од Гостивар

Коментарите се исклучени на Лажно се претставувал дека е инспектор а бил пензионер од Гостивар

Create Account



Log In Your Account