Кој е заменикот на Арбен Таравари?

Кој е заменикот на Арбен Таравари?

Кој е заменикот на Арбен Таравари?

Алијансата за Албанците се покажуваат како „доктори“ за политика, како партија која можеби во моментов има најмногу кадри од медицинската фела. Така во општина Гостивар заменик на градоначалникот Арбен Таравари ќе му биде уште еден доктор.

Таравари како и Алијансата одлучиле заменик градоначалник на општина Гостивар да биде д-р Бесим Мемеди кој инаку беше носител на листата на советници за градскиот совет на локалните избори.

Мемеди не успеа да добие мнозинство од гласовите или најмалку 16 гласа за да биде избран за претседател на Советот на општина Гостивар. Токму поради коалицирањето на ДУИ и СДСМ мнозинството не е на страната на градоначалникот Таравари. Така претседател на Советот е Насер Муслиу од ДУИ.

Инаку Мемеди како заменик на Таравари ќе исполнува дел од ингеренциите во локалната власт, но нивните одлуки во голема мера ќе зависат и од самиот совет каде се можни политички конфронтации.

Share Button

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account