ВО БОСНА УАПСЕН МАКЕДОНЕЦ ПО ПОТЕРНИЦА ОД СТРУМИЧКИОТ СУД!

Полицијата на Државната агенција за истраги и заштита на Босна и Херцеговина (SIPA), на 5 декември во источно Сараево уапсила македонски државјанин кој се бара со меѓународна потерница.

Се работи за македонски државјанин кој на страницата на Интерпол Скопје се бара по потерница за извршување пресуда од Основниот суд во Струмица, поради насилничко однесување и лажно пријавување, односно за издржување казна затвор од пет години и осум месеци.

SIPA по сознание дека спомнатиот криминалец се наоѓа во имиграциониот центар на Службата за работа со странци на БиХ, по извршениот разговор и дополнителни проверки за да се провери идентитетот, осомничениот го лишиле од слобода.

Државјанинот на Македонија е приведен во просториите на SIPA, а следниот ден во согласност со договорот за постапка на претходна постапка, предаден е во надлежност на Судот на БиХ.

Напишете коментар