Денеска во 12 часот протест пред Влада против изградба на Казандол

Денеска на пладне, граѓаните од целиот Југоисток и пошироко се собираат на Протестен Марш каде уште еднаш сите заедно во еден глас ќе кажат дека во Македонија место за рудници со отворен коп нема.

Оваа реакција на граѓаните доаѓа по неколку месеци молк од владата која што во екот на кампањата за локалните избори вети дека рудниците нема да се градат, а досега не е преземен ниту еден чекор за нивно запирање.

Активистите од Валандово веќе некое време на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавуваат фотографии од забрзаната изградба на рудникот Казандол. Тие велат дека се чувствуваат разочарано и предадено затоа што Владата се уште не направила ништо за да запре изградбата на овој рудник.

Активистите од Валандово пред еден месец објавија фотографии. На нив може да се види фолијата којашто наводно треба да спречи продор на отровите и тешките метали во почвата и водата. Раководството на рудникот „Казандол“ ова го најавуваше помпезно и како голема гаранција дека жителите нема потреба да стравуваат дека нивното здравје и природата ќе бидат засегнати. На фотографиите се гледа дека фолијата има големи дупки и засекотини и не оддава впечаток на безбеден метод за заштита од продорот на отровите во почвата и водата.

Напишете коментар