До колку часот можат да работат угостителските објекти?

До колку часот можат да работат угостителските објекти?

До колку часот можат да работат угостителските објекти?

Share Button

1. Работното време на угостителските објекти е регулирано со Законот за угостителската дејност.Согласно член 23 од цитираниот закон
угостителските објекти за сместување (хотели, мотели, пансиони, туристички населби, ноќевалишта и одморалишта) можат да работат од 00,00 до 24,00 часот, а угостителските објекти за исхрана кои се во состав на објектите за сместување по 24,00 часот можат да даваат само угостителски услуги за брза храна;
угостителските објекти за исхрана од членот 19 став 1 точка 1 на овој закон, кои претставуваат една градежна целина лоцирани на граничните премини, аеродроми, железнички станици и бензински пумпи можат да работат од 00,00 до 24,00 часот;
Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги може да работат од 07,00 до 24,00 часот, а на 31 декември до 07,00 часот наредниот ден;

Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 07,00 до 01,00 часот наредниот ден, а на 31 декември до 07,00 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 03,00 часот наредниот ден;

Угостителските објекти – ноќен бар и кабаре можат да работат од 20,00 до 04,00 часот наредниот ден, во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 20,00 часот до 05,00 часот наредниот ден, а на 31 декември до 20 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 06,00 часот наредниот ден и

Угостителски објект – дискоклуб и дискоклуб на отворен простор може да работи од 19,00 до 04,00 часот наредниот ден, во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 19,00 часот до 05,00 часот наредниот ден, а на 31 декември до 19 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 06,00 часот наредниот ден.

По исклучок од одредбите на ставот 1 точки 2, 3 и 4 од овој член, угостителските објекти за брза храна ( сендвичари) можат да работат до 01,00 часот во зимскиот период,односно до 02,00 часот во летниот период, а во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови до 05,00 часот.
Советот на општината, односно Советот на градот Скопје, за одредени туристички, културни и друг вид манифестации, содржани во годишните програми, можат да го продолжат работното време најмногу за два часа, за угостителските објекти од ставот 1 на овој член, но во времетраење најмногу до три дена.

Менаџмент биро

уредник

Related Posts

Патот до нашата радост

Коментарите се исклучени на Патот до нашата радост

Поцрвене водата во езерото Козјак – Фото

Коментарите се исклучени на Поцрвене водата во езерото Козјак – Фото

Широк сокак вечерва во бело (фото)Мартовски снег

Коментарите се исклучени на Широк сокак вечерва во бело (фото)Мартовски снег

Create Account



Log In Your Account