Денеска е Свети Георгиј – Посен

Денеска е Свети Георгиј – Посен

Денеска е Свети Георгиј – Посен

Share Button

Православните верници денеска го слават и Свети Георгиј – Посен, кој е уште еден празник посветен на свети Георгиј Победоносец.

Македонскиот народ со домашни служби го празнува и празникот Свети Георгиј – Посен што се празнува на 26 ноември според стариот (или на 9 декември според новиот) календар. И овој празник е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј Победоносец, чиј спомен се празнува и на други датуми од православниот календар.

На овој датум во 1037 бил осветен храмот посветен на овој светител во Киев изграден од кнезот Јарослав. Овој ден како празник се празнува во цела Русија и оттаму веројатно празнувањето е пренесено и во нашиве краишта.

Празникот е наречен Посен затоа што секогаш се паѓа во Божикните пости. Во книгата на Булгаков „Настолнаја книга“, на овој датум се поместени тропар и кондак на празникот посветени на Св. вмч. Георгиј, од што станува јасно дека овој празник е посветен на Георгиј Победоносец, а не на некој друг светител со истото име.

уредник

Related Posts

На 30 април во Св. Јован Крстител – слепченски манастир ќе бидат изложени светите мошти на Св. Кипријан Слепченски

Коментарите се исклучени на На 30 април во Св. Јован Крстител – слепченски манастир ќе бидат изложени светите мошти на Св. Кипријан Слепченски

Утре се празнува светиот пророк Захарија

Коментарите се исклучени на Утре се празнува светиот пророк Захарија

Слепченски манастир

Коментарите се исклучени на Слепченски манастир

(фото)Каменот на кој биле отсечени главите на Светите 40 Битолски маченици!„Крк-кардаш“,„четириесет браќа“

Коментарите се исклучени на (фото)Каменот на кој биле отсечени главите на Светите 40 Битолски маченици!„Крк-кардаш“,„четириесет браќа“

Create Account



Log In Your Account