Нов ужас во Скопје, мајка и дете искасани од куче – крвави однесени на Инфективно

Share Button

Уште еден напад од куче ја потресе македонската јавност, откако завчера се одвиваше хорор во Аеродром кога разбеснето куче искаса девет лица, меѓу кои и деца.

36-годишната З.Р. и нејзиниот 6 годишен син вчера околу 14 часот и 30 минути биле нападнати и искасани од куче на улицата „Перо Наков“ во Скопје, а во полиција случајот го пријавил сопругот и татко, 43-годишниот Р.А. пренесе Курир.

Детето било искасано од кучето во пределот на левата рака при што му биле нанесени видливи повреди, додека мајката бил искасана во левата нога со нанесени гризнатини и крварење. Со Итна помош биле однесени на Инфективно.

Според очевидци се работи за куче скитник, а по пријавата на случајот полицијата ја известила шинтерската служба на Град Скопје која излегла на терен и го заловила кучето кое е пренесено во „Вардариште“.

Напишете коментар