Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Празничен концерт на уметници од Хрватска во Битола

Share Button

Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во соработка со НУ Центар за култура, во Битола, организираат Божиќен и новогодишен концерт, со настап на вокалната група и тамбурашкиот оркестар на „Хрватска читална“ од Херцеговац, Хрватска.

Здружението „Хрватска читална“ е основано во 1921 година и претставува центар на културните настани на општината Херцеговац и регионот, посочуваат организаторите на концертот кој вечерва, сабота ќе се одржи во големата сала на битолскиот Центар за култура.

– Во Битола ќе настапат уметници кои членуваат во друштво со голема традиција и во чиј состав работаат аматерскиот театар „Пучка сцена“, фолклорно друштво, тамбурашки оркестар и вокална група. Организатори се на повеќе манифестации, на фестивалот на детска песна „Златен славеј“, Денови на хрватскиот театар…

Вокалната група која вечер ќе гостува во Битола е основана пред 5 години и настапуваат под диригентска палка на Николина Марениќ. Изведуваат песни од хрватските региони и во придружба на тамбурашки оркестар, информираа од Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ”-Битола, во пресрет на концертот што ќе се одржи во овој град.

уредник

Related Posts

Утре повисоки дневни температури

Коментарите се исклучени на Утре повисоки дневни температури

Сопствениците може да си го земат Ќосето од Металски завод Тито

Коментарите се исклучени на Сопствениците може да си го земат Ќосето од Металски завод Тито

Лажна пријава дека има поставена бомба во скопски бар

Коментарите се исклучени на Лажна пријава дека има поставена бомба во скопски бар

Create Account



Log In Your Account