Предлог Граѓанска Иницијатива за целодневна субвенционирана тарифа на електрична енергија за жителите на Битола, Новаци и Могила

Предлог Граѓанска Иницијатива за целодневна субвенционирана тарифа на електрична енергија за жителите на Битола, Новаци и Могила

Предлог Граѓанска Иницијатива за целодневна субвенционирана тарифа на електрична енергија за жителите на Битола, Новаци и Могила

Share Button

Пред точно една недела, во саботата на 02.12.2017 напишав еден пост во оваа група, во кој сакав да го искажам мојот револт поради инертноста на сите нас и избегнувањето да се рашаваат нашите основни проблеми кои не мачат. Во еден мој коментар ја спомeнав Граѓанската Иницијатива за целодневна субвенционирана тарифа на електрична енергија за жителите кои живеат во Општините Битола, Новаци и Могила поради штетните влијанија од работењето на термоелектраната РЕК Битола врз здравјето и животот на луѓето. Ова е само еден од многубројните проблеми кои не мачат и лично сметам дека е време да се слушне нашиот глас. Се изначитавме и изнаслушавме сѐ и сешто низ годините наназад и затоа одлучив оваа Иницијатива да стигне до гласање кај пратениците во Парламентот. Исконтактирав огромен број на луѓе и на моја огромна радост, голем дел од нив го прифатија предизвикот да ја започнеме оваа Иницијатива. Секој од нив е стручен во својата област и несебично ќе помогне во ова, па така да сега сме веќе ТИМ. Планираме оваа Иницијатива да ја искористиме како основа за да го извадиме од анонимност проблемот со отровниот воздух кој го дишеме и да го издигнеме на едно повисоко ниво. Со оваа Иницијатива ќе ги известиме сите надлежни институции и ќе ја алармираме целокупната меѓународна заедница која е присутна овде кај нас и ќе се обидеме овој проблем да добие поголемо внимание, ставајќи го ЧОВЕКОТ во фокусот на општеството. Целата Иницијатива ќе биде маркетиншки покриена за цело времетраење, а особено во периодот на собирањето на потписите, благодарение на некои наши сограѓани кои излегоа во пресрет да помогнат во сето ова. Искрено се надевам дека оваа Иницијатива ќе не сплоти како граѓани во остварувањето на нашата цел, а тоа е здрава животна средина. Ако веќе не можеме да ја имаме оваа здрава животна средина која ни е и со Уставот загарантирана, минимум што треба е да бидеме на некој начин субвенционирани, иако знаеме дека човечкиот живот со ништо не може да се субвенционира. Апелираме, секој оној кој сака да се приклучи кон ова Иницијатива, тоа да го направи без партиски, верски, национални или било какви други предрасуди, бидејќи овој проблем не засега сите и треба да испрати силен сигнал за нашата сплотеност. Да не Ве замарам со целокупната процедура како оваа Иницијатива треба да стигне до Собранието на РМ, на почеток е најбитно да се изработи Барањето со Предлог образложение и Заклучок, кое треба да се достави до Државната Изборна Комисија, како почеток на самата Иницијатива. Изработката на ова Барање е макотрпна работа која бара многу труд, време, напор, ангажман, вклучување на многу луѓе од разни профили, анализи, собирање на многу податоци на едно место, образложенија, извештаи и сл., а од друга страна, од квалитетот на оваа Предлог Иницијатива зависи крајниот резултат. Доколку биде добро и квалитетно изработена, тоа остава впечаток на сериозност и посветеност кон проблемот и поголема заинтересираност кај пошироката популација. Тоа, исто така, испраќа силен сигнал дека жителите на овој регион имаат сериозен проблем кој го загрозува нивното здравје и ова е минимумот што може да се направи за нив. Оваа Иницијатива, која верувам дека ќе ја доживее својата реализација, ќе биде читана од сите пратеници, носители на одлуки, лица на раководни позиции и меѓународни претставници. Затоа, јавно го повикувам секој од Вас кој смета дека може да помогне, несебично да се вклучи и да направи нешто за кое ќе се гордеат неговите поколенија. За таа цел, формирана е НОВА јавна група на ФБ насловена како 24/7 СУБВЕНЦИОНИРАНА ТАРИФА, во која секој од Вас ќе може да се вклучи со совет, помош, материјали, документи и сл. Сакам да НАПОМЕНАМ дека сите Ваши постови не треба да содржат партиско-политички содржини, реклами, вулгарни и несоодветни содржини и разни глупости, бидејќи ќе бидат бришани, а членовите на групата блокирани. Да се сплотиме сите како еден и уште еднаш да покажеме дека Битола отсекогаш била, е и ќе биде горда на своите граѓани. Во продолжение имате линк од групата и се надевам дека ќе Ве има во доста голем број. Поздрав голем до сите Вас и се читаме таму. Со среќа нека Ни е…..
https://www.facebook.com/groups/1894868297207709/

уредник

Related Posts

Денесовски до Сугаревски-Не глуми Итар Пејо ,во Мариово нема шеици!

Коментарите се исклучени на Денесовски до Сугаревски-Не глуми Итар Пејо ,во Мариово нема шеици!

Create Account



Log In Your Account