ВМРО – ДПМНЕ од протестот пред затворот во Шуто Оризари порача да се пуштат на слобода сите притворени

ВМРО – ДПМНЕ од протестот пред затворот во Шуто Оризари порача да се пуштат на слобода сите притворени

Share Button

Со патриотски песни и скандирање „слобода, слобода“ членовите на ВМРО-ДПМНЕ протестираа пред истражниот затвор во Шуто Оризари, во знак на подршка како што велат против неоснованото притворање на пратеници и уменици. Пред присутните прв говореше Бојан Стојановски кој го обвини Зоран Заев дека е сценарист на политичкиот прогон, со цел да ја разедини и ослабне ВМРО-ДПМНЕ.

„Хунта не се полицајците, тоа се Зоран Заев, Оливер Спасовски и неколку лица кои се компромитирани, а се во врвот на МВР и чиј ментор е Александар Верушевски. Сценаристот и Зоран Заев мислат дека ако Никола Груевски не биде присутен на политичката сцена ќе го нема се она што преставува тој. Би сакал да им кажам, и да биде така Никола Груевски како концепт и како начин на однесување ќе биде присутен надграден и проширен во секој член на ВМРО-ДПМНЕ. Односно, членовите на ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема за некои други интереси да ја виткаат кичмата“, истакна Стојаноски член на ВМРО-ДПМНЕ.

Подршка на притворените пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски, даде и нивниот колега Трајко Димков. Тој ги повика на трпение со надеж дека наскоро ќе има разврска на овој како што рече политички кошмар.

„Чесно се боревме да го спречиме СДСМ да направи работи кои не се добри за никој од нас.Тие победија со предавство, се продадоа. Ние не бевме против никого, само си го браневме она што е наше.Се надевам дека ова ќе се надмине , затоа ја давам мојата подршка да истраеме, ни треба трпение, сила и мудри одлуки да ја градиме Македонија. Апелираме да се пуштат сите притворени лица, нема каде да бегаат, без нив не можеме да работиме во Парламентот. Да седнеме и заеднички да разговараме на маса, од сите политички партии“, порача пратеникот Димков.

Пратеникот Крсто Јовановски, пак додаде дека пратеници и уметници не може да бидат терористи и дека тие треба да бидат слободни, затоа што само така можат да делуваат и придонесуваат за општеството.

„36 терористи, на 2 милиони луѓе. Терористи ли се луѓето кои беа фатени на спиење, кој кого лаже овде. Каде е демократијата што ја заговараше тој човек. Во една земја кога се притвораат уметници, нема демократија. Почитувани новинари, ве прашувам кога ќе го почнете да прашувате за теми кои се важни за народот, за Довговорот со Бугарија, како планира името да ни го смени и зошто да зборуваме двојазично. Прашајте ги дали се овие луѓе овде се терорсити, или оние кои сакаат од плочата да се избрише дека бугарите не биле фашисти“, порача Јовановски.

Инаку, меѓу присутните членови и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, присутен беше и лидерот во оставка Никола Груевски.Како што најавија, организаторите протестот ќе продолжи и утре пред Министерството за правда.

 

уредник

Related Posts

Лидерот на ГДУ Петар Колев на средба со ОБСЕ: Македонија да биде една изборна единица, со отворени листи

Коментарите се исклучени на Лидерот на ГДУ Петар Колев на средба со ОБСЕ: Македонија да биде една изборна единица, со отворени листи

Талевска доби условна казна и обврска да го плати затаениот данок

Коментарите се исклучени на Талевска доби условна казна и обврска да го плати затаениот данок

Create Account



Log In Your Account