Груби: Албанскиот јазик ќе се официјализира во јануари

Груби: Албанскиот јазик ќе се официјализира во јануари

Share Button

Албанскиот јазик во јануари, следната година ќе се официјализира на државно ниво, тврди претседателот на комисијата за европски прашања, Артан Груби.

По тринеделна дебата и разгледување на амандманите од страна на политичките партии, законот утре ќе се достави до претседателот на Собранието за конечно усвојување на второто читање.

„Посакувам тоа да се случи во текот на годината, но според реформската агенда, убеден сум дека кон средината на јануари ќе го усвоиме и на тој начин ќе го заокружиме Охридскиот договор и ќе постигнеме јазична еднаквост. Ќе затвориме едно важно поглавје кое произлезе од Охридскиот договор и војната во 2001 година“, вели Груби.

Првото читање на законот наиде на противења од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои реагираа со реплики и контра реплики. Според оваа партија, овој закон ја прави Македонија двојазична држава и понуденото решение се коси со Уставот на Република Македонија.

Во втората фаза се поднесени 91 амандман од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Беса. Што се однесува до бојкотот од опозицијата, Груби рече дека тие треба да гласаат за овој закон, бидејќи, во спротивно, процесот ќе се одвива и без нив.

„Посакувам ВМРО-ДПМНЕ да гласа за законот за јазиците, да дојдат и да се соочат со аргументите во врска со амандманите кои се доставени и од нив и од Беса“, додава Груби.

Овој предлог –закон беше едно од барањата на албанските политички партии за формирање на новата влада. Евро комесарот за проширување, Јоханес Хан, за време на неговиот престој во Скопје, рече дека овој закон не е услов за влез во ЕУ, за подоцна до реакција да излезат од ДУИ велејќи дека изјавата на Хан била лошо протолкувана.

Новиот предлог-закон за употреба на јазиците ја унапредува употребата на албанскиот јазик на локално и централно ниво, и обезбедува официјална употреба на јазикот кој го говорат најмалку 20% од граѓаните како и неговата употреба во пишана форма со цел граѓаните да можат да го употребуваат и спроведуваат на официјално ниво.

Зимер Јашарtv 21

уредник

Related Posts

ЈКП Водовод од Битола објави на својата фејсбук страница фотографии од новата опрема за инсталирање на цевководи

Коментарите се исклучени на ЈКП Водовод од Битола објави на својата фејсбук страница фотографии од новата опрема за инсталирање на цевководи

ВО ГЕВГЕЛИСКО УЧИЛИШТЕ ДИРЕКТОР ПЛАТАТА СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ САМ

Коментарите се исклучени на ВО ГЕВГЕЛИСКО УЧИЛИШТЕ ДИРЕКТОР ПЛАТАТА СИ ЈА ЗГОЛЕМИЛ САМ

Еве кој си го сака градот, викенд е ама тој е на терен.Ова е градоначалник!

Коментарите се исклучени на Еве кој си го сака градот, викенд е ама тој е на терен.Ова е градоначалник!

Левица со Првомајски протест под мотото: „Време е да го подигнеме гласот за сопствените права!“

Коментарите се исклучени на Левица со Првомајски протест под мотото: „Време е да го подигнеме гласот за сопствените права!“

Create Account



Log In Your Account