Направија доста работи но не се гледа дека новата Влада го подобри стандардот на граѓанинот

Направија доста работи но не се гледа дека новата Влада го подобри стандардот на граѓанинот

Share Button

Новата влада предводена од Зоран Заев е веќе една година на власт, но, ефективно шест месеци. Очекувањата на јавноста се големи и бараат брзо резултати. За шест месеци новата влада има направено доста работи. Се укина радиодифузната такса, се воведе евтина тарифа, се укина екстерното, тргнати се неколку учебници кои не беа соодветно напишани, се изготвија  реформи на дел од правосудството, администрацијата, безбедносните служби но, поради блокадите во Парламентот и локалните избори се касни со нивното донесување. Но, засега не се гледа дека почетната работа на новата влада го подобри стандардот на граѓанинот. 

Премиерот Заев не е свртен во државата. Најголем напредок има на меѓународен план, се затоплија односите со соседите, падна Договор со Бугарија, има сигнали за решение за името, за Македонската Православна Црква.  Се надевам дека Заев во  барањето пријатели во странство, нема да ја заборави и внатрешните проблеми.  Сите пори на општеството се урнисани. Новата влада  почна со работа од минус десет,  треба време за да се донесат работите во нормала. Тоа време новата влада го нема. Се враќа полека правдата, јавноста е будна, критикува.

Треба да му се даде време на Зоран Заев,  неговиот принцип на работа е добар, има добра стратегија. Се наближува 1 година од изборите на 11 декември 2016 година.  Уште малку време можат да се заминаваат со тоа што го правеше ВМРО-ДПМНЕ. Но имам сомнеж  дали дел од  владините функционери  сфатија дека не може да се однесуваат исто, да користат методи и го копираат ПиАр-от од  владеењето на ВМРО-ДПМНЕ .

Треба нешто и да сработат, големи се очекувањата. ВМРО-ДПМНЕ е во ногдаун,  па имаат подолго врем за да направат нешто за да се врати насмевката кај граѓаните, но  и да ја прокоцкаат тешко стекнатата власт за грст дукати в џеб, после 11 години опозиција. Заев и дел од пратениците го преживеаја обидот за ликвидација на 27 април во Собранието. Им беа скршени главите, се надевам дека се свесни за одговорноста што ја имаат, поради огромната поддршка и од Македонците, но и од другите етнички заедници.

Коментар на новинарот Горан Трпеноски за досегашното работење на премиерот Заев и шест месеци од новата Влада на РМ.

уредник

Related Posts

Основното Јавно Обвинителство оформи предмет за загинувањето на планинарите на Kајмакчалан

Коментарите се исклучени на Основното Јавно Обвинителство оформи предмет за загинувањето на планинарите на Kајмакчалан

ЗАЕВ: И МЕНЕ МЕ БОЛИ, АМА МОРАВМЕ ДА ПРИФАТИМЕ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НА ИМЕТО

Коментарите се исклучени на ЗАЕВ: И МЕНЕ МЕ БОЛИ, АМА МОРАВМЕ ДА ПРИФАТИМЕ ПРОМЕНА НА УСТАВОТ СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НА ИМЕТО

Create Account



Log In Your Account