Огледалце мое кажи најбогат овде кој е???”Огледалцето” вели…Орце Камчев(богатство од 238 милиони долари)

Во Македонија според порталот Славорум, на врвот е Орце Камчев, сопственикот на Орка Холдинг со богатство од 238 милиони долари.

Во БиХ најбогати се Кенан и Дамир Хастор, кои од родителите ги наследија компаниите Prevent i ASA Group, и имаат богатство од 412 милиони долари.

Во Србија најбогат е Филип Зептер. Иако не живее во Србија, има државјанство, а неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари.

Во Хрватска најбогато е хрватско – чилеанското семејство Лукшиќ кое има богатство од 15 милијарди долари.

Државјанинот на Црна Гора, Таксим Шинаватра е единствен жител на регионот кој се најде на листата на милионери на  магазинот Форбс.

Напишете коментар