Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа оставката на Груевски

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа оставката на Груевски

Share Button

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ поднел неотповиклива оставка пред Централниот комитет, но членовите кои гласале јавно, не прифатиле да се оди на Конгрес за избор на нов лидер. Само триесетина членови на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ гласале “за“ оставката на Никола Груевски и одржување на вонреден Конгрес, додека другите биле против, односно се изјасниле дека не се согласуваат со неговата оставка, дознава А1он.

Од 130 членови на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ присутни биле 112, а по ваквиот исход била предложена пауза за да може правни експерти да протолкуваат како да се постапува натаму, со оглед дека одлуките биле против одржување на Конгрес и против оставка на Никола Груевски од челната позиција.

Извори за А1он посочуваат дека се работи за две можни сценарија, едното е останување на Никола Груевски на сегашната позиција, а второто е без Конгрес ВМРО-ДПМНЕ да добие нов в.д. лидер. Со тоа Груевски би имал повторно контрола на партијата, и време да се рехабилитира и да се врати на првата позиција на следен конгрес.

уредник

Related Posts

Се слушам ама ништо не гледам е работата! Градски парк ноќе

Коментарите се исклучени на Се слушам ама ништо не гледам е работата! Градски парк ноќе

Хах…смешки!Заев ќе ја спасува Општина Битола од нов „Транспортер“

Коментарите се исклучени на Хах…смешки!Заев ќе ја спасува Општина Битола од нов „Транспортер“

Create Account



Log In Your Account