Приведени во Охрид во врска со вчерашниот оружен инцидент

Приведени во Охрид во врска со вчерашниот оружен инцидент

Приведени во Охрид во врска со вчерашниот оружен инцидент

Share Button

Две лица се приведени, полицијата сеуште трага по сторителот кој вчера на сред бел ден пукаше и  рани 34 годишен охриѓанец на Булевар Туристичка.  Од Секторот за внатрешни работи информираат дека двајцата приведени биле сослушани вчера околу 17 часот, а се лишени од слобода поради сомнение дека во критичниот момент биле заедно со сторителот и учествувале  во инцидентот.

 

Сепак главниот осомничен е трет засега непознат човек кој  откако испукал неколку куршуми кон  сега ранетиот С.М,  со патничко возило на швајцарски регистарски таблички избегал во непознат правец.По него е покрената потрага, под сомнение дека извршил кривично дело убиство во обид.

„Сторителот извадил огнено оружје пиштол и испукал кон сега повредениот охриѓанец. Тој се здобил со тешки телесни повреди, поточно со прострелна рана  во пределот на десната потколеница. Итно е пренесен во болницата Св. Еразмо од Охрид каде што му е укажана неопходна медицинска помош, а потоа е префрлен на клиниките во Скопје “, вели Стефан Димоски -портпарол СВР Охрид.

На вооружената пресметка и претстоела жестока расправа меѓу сторителот и сега ранетиот С.М. откако двајцата се сретнале на булеварот Туристичка каде и се случи инцидентот. Причината засега е сеуште непозната.

уредник

Related Posts

Запален автомобил на пратеничка од СДСМ, полицијата цела ноќ дежурала пред домови на пратеници

Коментарите се исклучени на Запален автомобил на пратеничка од СДСМ, полицијата цела ноќ дежурала пред домови на пратеници

Битолчанец (37) пронајден мртов на улица, ќе има обдукција

Коментарите се исклучени на Битолчанец (37) пронајден мртов на улица, ќе има обдукција

ВО БИТОЛСКО ЛОГОВАРДИ ИЗГОРЕ КУЌА, СОПСТВЕНИКОТ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ

Коментарите се исклучени на ВО БИТОЛСКО ЛОГОВАРДИ ИЗГОРЕ КУЌА, СОПСТВЕНИКОТ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ

И МТСП на терен – постапува по случајот со претепаното двегодишно дете.Таткото притвор 8 дена

Коментарите се исклучени на И МТСП на терен – постапува по случајот со претепаното двегодишно дете.Таткото притвор 8 дена

Create Account



Log In Your Account