Работодавачи барале дел од парите исплатени како минимална плата да им бидат вратени во кеш

Работодавачи барале дел од парите исплатени како минимална плата да им бидат вратени во кеш

Работодавачи барале дел од парите исплатени како минимална плата да им бидат вратени во кеш

Share Button

Вработени во текстилни фабрики од неколку градови преку трансакциска добиле минимална плата, ама дел од парите повторно завршиле кај газдите. На рака им ја враќале разликата до минимална плата од 12.000 денари, на прес конференција објавија од Здржението „Гласен текстилец“.

 

„Во неколку градови од страна на работодавачите се бара назад дел од плата од работниците. Тоа посебно го констатиравме во Валандово, Куманово и Делчево. Во Куманово во еден слчај моравме и директно да интервенираме преку инспекторатот за труд. Мораше екипа итно да отиде на терен и во тој момент а се прекине притисокот што им се случуваше на работниците“, вели Кристина Ампева – здружение „Гласен текстилец“

„Враќањето пари на рака претставува кривично дело, односно тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци од плата ќе се казни со затвор од три месеци до една година“, вели Симона Живкова -Хелсиншки комитет

Ова не се единствените прекршувања. До Хелсиншкиот комитет стигнале повеќе претставки, најмногу од текстилната и кожарската индустрија. Трудовиот инспекторат веќе излегол на терен и констатирал повеќе неправилности.

„Фиктивно тие работат, да речеме, од 6 до 3 часот, но она што доаѓа како информација до нас е дека кога во 3 часот ќе ја искуцаат картичката повторно се враќаат на работа и работат до 6или 7 навечер. Работат и за време на викенд, за време на празници. Многу често не им е платен тој прекувремен труд “, вели Уранија Пировска – Хелсиншки комитет

Од Здружението Гласен текстилец се против предлогот за замрзнување на придонесите за платите до 18 илјади денари, бидејќи велат не се знае какви проблеми тоа може да им предизвика на работниците по пензионирањето.

Виолета Кожинкова

уредник

Related Posts

На -2°С ние заспиваме во нашите топли домови, еден човек среде Скопје спие покриен само со едно ќебе

Коментарите се исклучени на На -2°С ние заспиваме во нашите топли домови, еден човек среде Скопје спие покриен само со едно ќебе

Create Account



Log In Your Account